Манчестер Јунајтед ќе продолжи да го брка трансферот на Џејдон Санчо, но веќе има подготвено алтернатива ако мисијата за доведување на англискиот репрезентативец на „Олд Трафорд“ пропадне. Осман Дембеле од Барселона е заменското решение.

Санчо има голема желба да оди во Јунајтед и личните услови меѓу него и клубот не се проблем. Проблем е откупната клузула од 120 милиони евра која  Борусија Дортмунд ја постави за него, а Јунајтед смета дека во ситуација на светска пандемија на коронавирусот и финансиска криза оваа сума е нереална. Дополнително ситуацијата ја закопликуваа изјавите од германскиот клуб дека Борусија смета на Санчо и за следната сезона.

Манчестер Јунајтед веќе имал неформални разговори за потенцијалниот трансфер на Дембеле кој има уште две години од договорот со Барселона. Тој нема одиграно натпревар од ноември минатата година бидејќи имаше повреда на бутниот мускул и во февруари беше на операција.