Дембеле гледа кон Минхен, но клучот е Нејмар да се врати во Барса

Германскиот првак Баерн Минхен е сериозно заинтересиран за ангажман на крилниот напаѓач на Барселона, Осман Дембеле. Тренерот Нико Ковач сака да пронајде сосодветни замени за ветераните Арјен Робен и Франк Рибери кои си заминаа од „Алијанц арена“. Дембеле е вистинското решение, но за реализација на трансферот ќе треба да се почека, бидејќи Барселона ќе го дозволи само ако Нејмар се врати на „Камп Ноу“.

„Дембеле е одличен фудбалер, има неверојатна вештина и физички предиспозиции. Не е тајна дека го посакуваме во тимот, но ќе треба неколку коцки да се поклопат за да успееме да го доведеме“, изјави Нико Ковач.

Баерн Минхен е подготвен да плати 80 милиони евра за ангажманот на францускиот интернационалец.

Се вчитува...