Дембеле му кажа „да“ на ПСЖ

Усман Дембеле кариерата ќе ја продолжи во редовите на ПСЖ. Францускиот репрезентативец ги договори личните услови со „светците“ за петгодишен договор со кој ќе заработува далеку повеќе отколку што заработува во Барселона.

Овој трансфер ќе го чини францускиот тим 50 милиони евра колку што изнесува клаузулата за заминување во договорот, а со оглед на тоа што од 1. август истата ќе се зголеми на 100 милиони евра, ПСЖ веќе работи на последните финеси и комплетирање на договорот до крајот на денот.

Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година во трансфер вреден 135 милиони евра. Бројните повреди го спречија да го покаже целиот потенцијал на „Камп Ноу“, но и покрај тоа досега настапи на 185 натпревари на кои забележа 40 голови и 43 асистенции.

Се вчитува...