Дембеле надвор од терените до крајот на годинава

Фудбалерот на Тотенхем, Муса Дембеле ќе отсуствува од фудбалските терени до крајот на оваа година.

Дембеле се здоби со повреда на дуелот против Вулверхемптон во Премиер лигата, па го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите со ПСВ. Иако на прв поглед се чинеше дека не се работи за сериозна повреда, сепак по деталните прегледи утврдено е дека има повреда на лигаментите поради што ќе мора да паузира два месеци.

„Се надевеме дека на почетокот од јануари ќе биде подготвен за игра. Многу ќе ни недостасува затоа што имаме навистина густ распоред следниот период, но мора да се помириме со ова“ – изјави менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино.

Се вчитува...