Дембеле: Од Скопје имам убави спомени и едно разочарување…

ЕКИПА во Будимпешта,

Билјана Б.Петрушева, Кристијан Димевски

Французинката Сираба Дембеле и Бразилката Мајса Песоа се две порашни вардарки кои утре во полуфиналето на Ф4 турнирот во Будимпешта ќе бидат на спротивната страна, во составот на Ростов Дон. Вардар го игра петтиот завршен турнир, а Ростов Дон е дебитант во големата четворка. И за Дембеле нема дилема кој е фаворит.

Тоа ќе биде тежок меч. Вo Вардар силно ја посакуваат титулата, посебно оваа година кога им е последен настап заедно. Вардар  е најдобриот тим на овој турнир и нормално, фаворит е во утрешното полуфинале. Ние не сме фаворити, за нас е ова прв настап на Ф4, но верувам дека ќе имаме и ние свој момент и ќе се обидеме да го искористиме. Ќе биде многу тешко, тоа дефинитивно“ – оценува француската репрезентативка во составот на Ростов Дон.

Дмебеле го истакнува и поној посебен момент што ќе биде дополнителен мотив за вардарки на годинашниот Ф4 турнир во ЛШ.

„За Вардар ова е последна шанса, ќе играат со желба и со душа, го посакуваат со години трофејот и знам дека посакуваат да кажат збогум со титула“ – вели Дембеле.

Французинката која три години го носеше дресот на Вардар, најдобро може да направи паралела и оценува дека овој Вардар во својот петти и последен настап во овој состав на Ф4 има квалитет и искуство што може да биде и пресудно во наредните два дена.

Сега Вардар е многу покомплетен, на секоја позиција. Мора да бидеме многу внимателни на утрешниот дуел. Имаат искуство и мислам дека нема да ги повторат грешките од претходните сезони. Тоа е голема предност“ – вели Дембеле.

Левото крило на Ростов Дон има убави спомени, но и едно разочарување од „вардарските денови“ во својата кариера.

Имам многу убави спомени од Вардар. Во Скопје поминав убави денови. Имам убави спомени, поминав убаво таму. Но, носам и едно разочарување. Таму бев три години, имавме еден од надобрите тимови и жалам што тогаш не успеавме да ја освоиме шампионската титула“ – открива Сираба Дембеле.

Полуфиналето меѓу Вардар и Ростов Дон е утре со почеток во 18.30 часот, а пред тоа ќе биде познат и другиот финалист по дуелот меѓу Ѓер и ЧСМ Букурешт.

Се вчитува...