Дембеле по „кратка постапка“ го откачи Ливерпул

Ливерпул имаше неуспешен обид да го доведе Усман Дембеле откако офанзивецот на Барселона без размислување ја одбил понудата на актуелниот европски шампион. „Црвените“ планираат да ги засилат крилните позиции за уште повеќе да ја засилат конкуренцијата во нападот, а Дембеле делуваше како идеална опција за Јирген Клоп.

Барселона не може да најде купец за брзоногиот Французин, па Ливерпул понуди 10 милиони фунти за едногодишна позајмица, со опција следното лето целосно да го откупи неговиот договор доколку Дембеле ги задоволи вкусовите на стручниот штаб на „црвените“. Сепак, на одговор од каталонскиот гигант воопшто и не се чекаше откако самиот фудбалер ја отфрлил можноста за трансфер во Премиер-лигата.

„Останувам во Барселона, ништо друго не ме интересира“, гласела кратката порака на поранешниот ас на Борусија Дортмунд.

Честите повреди го спречија Французинот да ја оправда инвестицијата од 100 милиони евра, а Барса сега очигледно ќе има нов проблем – како да се ослободи од неговиот договор вреден десет милиони евра по сезона. Гризман, Суарез и Меси се први опции во нападот, згора на тоа се најавува и пристигнување на Лаутаро Мартинез и Нејмар, па јасно е дека каталонците нема сериозно да сметаат на Дембеле.

Но, доколку тој реши да остане и да ја зема платата греејќи ја клупата (како што е случајот со Хамес Родригез во Реал), каталонскиот гигант нема да може да направи ништо за да го спречи тоа.

Се вчитува...