Дембеле погоди, а ВАР ја спаси Барса

Барселона ја оствари втората победа во новата сезона на Ла Лига, славејќи со 0-1 на гостувањето против Валјадолид. Мечот не помина без драматичен финиш, со оглед дека Валјадолид постигна погодок за израмнување во судиското продолжение, но судијата Рикардо Бургос Бенгоечеа по прегледување на ВАР – снимката го поништи поради офсајд позиција.

Осман Дембеле беше човекот на одлука на овој меч. Тој во 57.минута успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим, откако Серхи Роберто одлично го проигра со глава.

Се вчитува...