Дембеле си заминува од Барселона?

Фудбалерот на Барселона, Усман Дембеле, е пред заминување од каталонскиот клуб, по само една сезона помината на „Камп Ноу“. Францускиот фудбалер не е во најдобри односи со тренерот Ернесто Валверде и смета дека не го добива местото што го заслужува во тимот.

Барселона минатото лето го донесе во своите редови 21-годишниот француски талент од Борусија Дортмунд и за трансферот плати 105 милиони евра. Но, Дембеле уште на стартот доби тешка повреда поради која не играше многу во изминатата сезона и запиша само 12 натпревари во Примера.

Минатата недела во шпанските медиуми се појави информацијата дека Барселона ќе го отстапи Дембеле за да го привлече Еден Азар на „Камп Ноу“.

Од Барселона ги демантираа овие шпекулации, но не е отфрлена можноста да се откажат од Дембеле доколку добијат доволно добра понуда. Уште повеќе што и Французинот изрази желба да си замине од „Камп Ноу“, посебно по доаѓањето на Бразилецот Малком од Бордо кој ќе му биде сериозна конкуренција за место во стартниот состав.

Се вчитува...