Демир Имери потпиша за финскиот прволигаш ПС Кеми

Поранешниот македонски младински репрезентативец Демир Имери својата кариера ја продолжува во редовите на финскиот прволигаш ПС Кеми.

22-годишниот Имери претходно во својата кариера има настапи за Работнички, Шкендија, Хоризонт Турново, Ренова како и албанска Камза. Сега се одлучува за преселба во Финска, клуб со кој потпиша двегодишен договор.

ПС Кеми во моментов е на последната позиција во шампионатот на Финска, со 12 бода од 20 натпревари. Имери до крајот на сезоната треба да помогне во битката за опстанок на клубот во елитното друштво во Финска.

Се вчитува...