Демир Имери продолжува во Албанија

Поранешниот младински фудбалски репрезентативец Демир Имери се реши за интернационален предизвик. Тој кариерата ќе ја продолжи во Албанија, откако потпиша договор со новиот прволигаш Камза.

Имери е поранешен играч на Шкендија, кој беше член и на Ренова, Работнички, Хоризонт Турново и на Велазерими. Раководството на Камза му понуди да се пресели во првенството на соседна Албанија и Имери го прифати предизвикот.

Се вчитува...