Демирал опериран, ќе паузира најмалку седум месеци

Турскиот интернационалец Мерих Демирал успешно е опериран по сериозната повреда на левото колено што ја заработи на дуелот против Рома во Серија А. За него оваа сезона е завршена, а рехабилитацискиот процес ќе трае најмалку седум месеци, информираше италијанскиот првак Јувентус.

„Мерих Демирал беше опериран во клиниката Хохрум во Инсбрук од професор Кристијан Финк. Хируршкиот зафат беше неопходен за санирање на сериозната повреда на коленото. Демирал ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено. Рехабилитацијата се очекува да трае околу 7 месеци“, објави Јувентус на официјалниот сајт.

Се вчитува...