Демири разочаран: Бевме толку близу, но примивме евтини голови

Големо е разочарувањето во редовите на Вардар, откако „црвено-црните“ не успеаја да се пласираат во четвртото квалификациско коло за влез во Лигата на шампионите. Македонскиот првак беше близу до испишување на нови страници во својата историја, на дваесетина минути до крајот имаше активен резултат 2-1 и играч повеќе на теренот, но заспаноста на одбраната беше главна причина за двата примени гола во завршницата.

„Разочарани сме од сето тоа што се случи на теренот во Копенхаген. Само 15 минути нè делеа од пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Примивме така да кажам евтини голови, и сме поразени. Штета, навистина штета затоа што имавме голема шанса. Играч повеќе на терен, резултат кој што нè носеше во следната фаза, меѓутоа потоа примениот гол делуваше целосно демотивирачки за нас и до крајот е можевме да се вратиме. Одиме понатаму, пред нас има уште европски натпревари, почнува и првенството и мораме полека да заборавиме што се случи и да гледаме само кон напред, колку и да боли поразот од Копенхаген“ – изјави левиот бек Бесир Демири.

„Црвено-црните“ утре ќе го дознаат противникот во последната квалификациска рунда за влез во групната фаза од Лигата на Европа.

Се вчитува...