Екипата на Шкендија од Арачиново денеска ќе и гостува на Струга во премиерниот натпревар на двата тима сезонава во Првата македонска фудбалска лига.
„Среќен сум што ќе бидам дел од овој историски натпревар за клубот од моето родно место. Ова ќе биде наш прв дуел во Првата лига и, без сомнеж, ќе донесе мешавина од емоции, гордост, но истовремено и голема одговорност“, изјави на почетокот Бесир Демири.
Дефанзивецот верува дека тимот од Арачиново имаше квалитетни подготовки за претстојната сезона.
„Екипата работеше исклучително добро за време на подготвителната фаза под водство на тренерот Берат Имери. Исто така, донесовме и значајни засилувања за кои верувам дека дополнително ќе го подигнат квалитетот на тимот. Судбината сакаше нашиот прв натпревар да биде токму против клуб како Струга – стабилна екипа која со години е во самиот врв на домашниот фудбал. Сепак, ние сме Шкендија и не патуваме во Струга како туристи. Одиме таму да играме фудбал, да го дадеме максимумот и, по интензивниот подготвителен период, да се покажеме во вистинско светло на теренот и да ги видиме резултатите од нашата работа“, заклучи Бесир Демири.
Дуелот меѓу Струга Трим Лум и Шкендија Арачиново ќе се одигра на Градскиот стадион во Струга, со почеток во 17 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
