Демоните на Џеси Лингард – Во Манчестер бев среќен кога бев на клупа за резерви

Џеси Лингард игра во животна форма по преминот од Манчестер Јунајтед во Вест Хем. Едноставно јавноста не може да верува дека е тоа истиот фудбалер кој во Манчестер Јунајтед не можеше да се состави со топката. Англискиот фудбалер искрено се отвори за проблемите кои ги имаше во животот, а говореше за тоа дека поради демоните со кои се борел едноставно бил среќен кога ќе остане на клупата за резерви.

„Не дека сакав да се откажам од фудбалот, туку едноставно сакав да одморам од него. На натпреварите доаѓав среќен кога знаев дека ќе бидам на клупата за резерви, а искрено тоа не сум јас. Пред некој ден на брат ми му кажав „Се сеќаваш ли на периодот кога седев на клупа?“. Не сакав да играм, мојот ум не беше сконцентриран на фудбал. Го губев фокусот. Размислував за други работи, ги поттиснував проблемите. Се обидував да играм, но не ми одеше“, изјави Лингард. 

Најголемиот проблем во неговиот живот беше тоа што не можеше да и помогне на мајка му која се бореше со депресија. Минатата година таа заврши во психијатриска болница во Лондон, па очигледно падна голем товар од грбот на Лингард.

Се вчитува...