Демонстрација на моќта на МЗТ Скопје (фотогалерија)

МЗТ Скопје со импресивно второ полувреме и убедлива победа го почна настапот во овосезонскиот плејоф и атакот на шампионската титула. Гостивар парираше додека имаше сили, но МЗТ сепак е преголем залак, особено кога игра на свој терен во СЦ „Јане Сандански“.

„Металците“ имаат и квалитет и искуство, но и долга клупа, а спојот од овие три работи со право ги прави фаворити не само во ова полуфинале, туку и севкупно во плејофот, во битката за титулата.

 

 

 

Се вчитува...