Ден полн со дербија: Ел Класико, Јунајтед го чека Ливерпул, Јуве на „Меаца“, ќе „гори“ Марсеј…

Денеска на програмата низ Европа се неколку дерби натпревари во најсилните првенства на Стариот континент. Сите погледи ќе бидат насочени кон Барселона, во Шпанија, каде се игра Ел-Класико, најголемото дерби денеска. Дуелот започнува во невобичаен термин, во 16:15 часот.

Во 16:45 часот следува најголемата пресметка во Холандија, каде се среќаваат лутите ривали Ајакс и ПСВ. Манчестер Јунајтед и Ливерпул во 17:30 часот играат на „Олд Трафорд“ во дербито во Англија.

Во 18:00 часот следува дуелот меѓу Рома и Наполи. Рома против лидерот во Италија ќе ги лечи раните за катастрофата во Лигата на Конференции против Бодо Глимт од 6:1. Денот завршува со две дербија. Едното е Марсеј – ПСЖ, а второто е на „Меаца“ каде што на Интер му гостува тимот на Јувентус.

 

Се вчитува...