Ден за корона-тестирање во Барселона (ФОТО)

Фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Барселона денеска се појавија во тренинг-комплексот на каталонскиот гигант, за врз нив да бидат извршени детални тестирања и да можат да добијат зелено светло за да почнат со тренинзи.

Врз сите фудбалери предводени од Лео Меси ќе бидат извршени тестови за коронавирус, но и други медицински прегледи, за лекарскиот тим на Барса да се увери дека играчите се подготвени за враќање на тренинзи по паузата од два месеци.

Резултатите од тестирањата ќе пристигнат за најдоцна 48 часа, а се очекува веќе в петок сите оние фудбалери кои ќе бидат негативни на Ковид-19 да почнат со работа, според строго пропишаните норми на шпанските власти.

Се вчитува...