Ден за сензации во евроквалификациите – Исланд ја „тресна“ Србија, Романија се спаси од пораз против Австрија

Женската ракометна репрезентација на Исланд стигна до изненадувачки триумф над Србија од 23-21 во натпревар од 2. коло во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година во Македонија, Словенија и Црна Гора.

Исланѓанките одиграа одличен меч во кој во цело време го контролираа резултат и сосема заслужено стигнаа до триумфот.

Уште поголема сензација е ремито на Австрија против Романија со 33-33. Романките успеаја да пропуштат позитива од пет гола која ја имаа на полувреме и да дозволат на крајот да се спасуваат од пораз и да одиграат реми.

Хрватска по поразот од Украина дома, стигна до триумф на гостувањето кај Чешка од 24-26, а Шпанија имаше тешка задача против соседот Португалија кој го доби со тесни 22-23.

Се вчитува...