Денеска е денот „Д“ за Радуловиќ во МЗТ Скопје

Поразот од ТФТ во финалето од Купот Благоја Георгиевски – Буштур веднаш го стресе тренерското место во МЗТ Скопје каде Дарко Радуловиќ се наоѓа пред заминување. Пропуштената шанса за историско престигнување на Работнички во бројот на освоени Куп трофеи, како и лошата игра на „балонот“ на АБА2 во Бања Лука изразиле незадоволство и кај навивачите, па можат да бидат пресудни за младиот стратег и покрај тоа што тој е најмалку крив за истото.

Раководстовот на клубот од Аеродром вели дека денеска ќе се сретне со Дарко Радуловиќ и ќе одлучи дали ќе има промена на „жешкото столче“.

„Во текот на денешниот ден ќе имаме средба со тренерот Радуловиќ, на која тој ќе поднесе извештај за сработеното во изминатиот период со акцент на Купот и финалето со ТФТ. Не сакаме да шпекулираме со откази и смени, туку по состанокот со Радуловиќ ќе донесеме конечна одлука“, изјави за ЕКИПА, спортскиот директор Филип Ѓоревски.

Радуловиќ го наследи Кочов на клупата на МЗТ Скопје во март претходната година и со успех го предводеше тимот во следниот период освојувајќи ја титулата во Купот на Македонија, првенството, а потоа и во Суперкупот. Оваа сезона во АБА лигата имаше само еден пораз пред турнирот во Бања Лука и заминувањето на Дастин Вер.

Се вчитува...