Денеска е „Денот Д“ – Реал се откажува од Мбапе?!

Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за да го доведе Килијан Мбапе во овој преоден рок, но големи се шансите дека „кралевите“ денеска и официјално ќе се повлечат од идејата за реализација на овој супертрансфер. Причина – тврдоглавиот став на раководството на ПСЖ, кое веќе одби две мегапонуди на Реал во висина од 160 и од 180 милиони евра.

Флорентино Перез е изненаден од односот на „светците“, кои одбиваат огромна сума на пари и покрај опасноста Мбапе на крајот од сезонава да си замине без буквално никаква отштета за овој клуб. Згора на тоа, Ал Келаифи и Леонардо ги одбија двете понуди на Реал без притоа да наведат колку точно пари бараат за одличниот голгетер. Во една таква ситуација, Перез и Реал сакаат што поскоро да ги разрешат дилемите и да се повлечат уште пред крајот на преодниот рок.

„Во Реал не гледаат поента да испраќаат нови понуди кога сите досегашни им беа одбивани без никакво расположение. ПСЖ воопшто не кажува колку пари бара, за Флорентино да знае дали може да го комплетира овој трансфер. Затоа, големи се шансите дека Реал денеска ќе се откаже од Килијан Мбапе“, најавуваат шпанските медиуми.

Впрочем, „кралевите“ вчера испратија ултиматум дека крајот на викендов е последен рок за договор меѓу двата клуба, во спротивно тие ќе се повлечат од преговорите за Мбапе. Доколку не дојде до сериозен пресврт во наредните часови, токму тоа и ќе се случи.

Се вчитува...