Денеска во Битола и во Кавадарци баражите за пополнување на последните две прволигашки места

Пелистер – Шкендија Арачиново во Кавадарци и АП Брера – Скопје во Битола се денешните бараж пресметки за пополнување на последните две места во Првата македонска фудбалска лига следната сезона која ќе брои 10 екипи.

Во Кавадарци дуелот меѓу Пелистер и Шкендија од Арачиново, ќе го суди Игор Стојчевски, а ќе му помагаат Вјолца Изеири и Дарко Јовчевски. ВАР судии на споменатиот меч ќе бидат Пларент Салихи и Мартин Дејаноски.

Во Битола, пак, тимот од Автокоманда во обид да го изненади тимот на Горан Пандев, и да се избори за второ место на скопска екипа следната сзона во Првата лига.

Натпреварот ќе го суди Фатмир Бафто од Охрид а ќе му помагаат Мишо Ѓорѓиевски и Александар Ѓорѓески. Тандемот Доне Ристевски и Тошо Ицев ќе бидат во ВАР собата.

Двата натпревари почнуваат од 16:30 часот.

Се вчитува...