Македонскиот репрезентативец Дени Илиев му се заблагодари на легендарниот Петр Чех за секој совет и за секој момент поминат заедно на тренинзите на Арсенал. Чешкиот репрезентативец заминува во пензија, а Илиев вели дека од него научил многу.
„Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани на кои се сеќавам уште додека растев. Ти беше мојот голмански идол на кој секогаш се угледував! Една работа што можам да кажам е дека научив многу во овие неколку години во кои работевме заедно, од твоето големо искуство и одличната личност! Се најдобро во иднина, брате“, истакна Дени Илиев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА