Дени Илиев на позајмица во полскиот прволигаш Јагелонија!

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев, по потпишувањето на новиот договор со Арсенал, и вториот дел од сезоната 2019/2020 очекувано ќе го мине на позајмица, како што дознава ЕКИПА, во полскиот прволигаш Јагелонија!

Илиев на крајот од минатата година потпиша нов договор со Арселан до јуни 2022 година, искористувајќи ја претходната опција за продолжување на договорот согласно клаузулата (2+2 години) од договорот потпишан во 2018 година. Покрај понудите за позајмица во неколку клубови од англиската Лига 1, на крајот Илиев се одлучи да ја прифати понудата на Јагелонија за позајмица до крајот на сезоната.

Минатата година, како што е познато, македонскиот голман го мина на позајмица во словачкиот прволигаш Серед, но истиот беше прекинат.

Се вчитува...