Дени Илиев од Арсенал замина на позајмица во Шревсбери

Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев го напушта Арсенал и заминува на позајмица во англискиот нисколигаш Шревсбери. Тој всушност ќе остане под закрилата на „топчиите“, но ќе биде отстапен во клубот кој се натпреварува во Лига 1, третата по ранг англиска дивизија, за да брани и да има голема минутажа.

Дени Илиев претходно беше на позајмица и во полскиот прволигаш Јагиелонија.

Македонскиот голман останува на поширокиот список на Арсенал и за настапите во Лигата на Европа.

Се вчитува...