Дени Илиев официјално го потпиша двегодишниот договор со Арсенал (ФОТО)

Тоа што беше најавено од претходно денеска официјализирано од Арсенал. Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев официјално потпиша нов договор со англискиот гигант.

Арсенал го промовираше новиот договор со Илиев кој со клубот се договори за соработка до јуни 2020 година, со можност за продолжување потоа на договорот на уште две години.

23-годишниот Илиев во Арсенал дојде од струмичка Беласица летото 2012 година минувајќи низ сите младински школи на клубот. Минатата сезона осум пати настапи за тимот на Арсенал до 23 години, а беше дел и од првиот тим на Арсен Венгер на мечот против Норвич во Лига купот.

Се вчитува...