Дени Илиев останува во Арсенал до јуни 2022 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дејан Илиев останува член на англискиот премиерлигаш Арсенал до јуни 2022 година. Клубот ја искористи опцијата да ја продолжи соработката со Илиев и за наредните две години, што беше вметната како клаузула (2+2 години) во договорот потпишан во 2018 година.

Раководството на „топчиите“ го информираше Дени Илиев дека сака да го задржи на „Емирати“ и во наредните две сезони.

Арсенал исто така го прекина и договорот за позајмица на Дени Илиев во словачкиот прволигаш Серед кој беше со важност до крајот на сезоната. Премиерлигашот го доведе Микел Артета за нов менаџер и тој во наредниот период ќе донесе одлука дали Дени Илиев ќе биде во конкуренција за првиот тим на „топчиите“ или пак можеби повторно ќе замине на позајмица.

Се вчитува...