Дени Илиев промовиран во дресот на Јагелонија (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев и официјално е промовиран во дресот на својот нов клуб, полскиот прволигаш Јагелонија каде ќе биде на позајмица од Арсенал до крајот на сезоната.

Пред крајот на минатата година Илиев го продолжи договорот со Арсенал до јуни 2022 година, а сега продолжува на позајмица во Јагелонија, откако минатата полусезона ја мина во словачкиот прволигаш Серед.

„Фудбалерот на Арсенал, Кристијан Белик е мој добар пријател и по негова препорака ја прифатив понудата да бидам на позајмица во Јагелонија. Задоволен сум од условите кои ги нуди клубот, па се нетрпение очекувам да почне сезоната. Знам дека Јагелонија е клуб со долга традиција кој има извонредна поддршка од навивачите. Јас ќе се обидам да придонесам максимално за реализација на целите на клубот“ – истакна Илиев по промоцијата во дресот на полскиот прволигаш.

Се вчитува...