Дени Илиев слави со Арсенал: Баку ние доаѓаме! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев беше дел од тимот на Арсенал кој отпатува во Валенсија на реванш средбата од полуфиналето во Лигата на Европа. На крајот, „топчиите“ и со втора победа, овој пат од 2-4, со вкупни 3-6 си го обезбедија пласманот во финалето во второто по квалитет европско клупско натпреварување.

По мечот, и Илиев не пропушти да прослави со соиграчите иако од трибините го следеше натпреварот, притоа порачувајќи преку официјалниот Инстаграм профил: „Баку ние доаѓаме!“

Се вчитува...