Дени Илиев со „празна мрежа“ и победа дебитираше за Шревсбери

Македонскиот репрезентативен голман Дени Илиев дебитираше на најдобар можен начин во дресот на Шревсбери во Лига 1 во Англија.

Само десет дена по пристигнувањето во редовите на Шревсбери, на позајмица од Арсенал, Илиев се најде на голот на Шревсбери на гостувањето против Вимблдон. Македонскиот голман бранеше одлично на целиот натпревар зачувувајќи ја мрежата во победата на својот тим од 0-1.

Единствениот гол за победа на Шревсбери го постигна Кларк во 91. минута од натпреварот.

Се вчитува...