Дени Илиев стартуваше со првиот тим на Арсенал (ФОТО + видео)

Македонскиот репрезентативен голман, Дени Илиев ги стартуваше подготовките со првиот тим на Арсенал.

По потпишувањето на новиот двегодишен договор со „топчиите“, Илиев почна под командата на Унаи Емери кој на почетокот од подготовките за новата сезона нагласи дека македонскиот голман и тоа како ќе има можност да се докаже и наметне во првиот состав на клубот.

Арсенал првиот тест дуел ќе го има против членот на Петтата лига на Англија, Борехам Вуд… Најавите се дека на голот на „топчиите“ на тој меч ќе почне и Илиев…

Се вчитува...