Дени Илиев во последен момент влета на клупата за резерви за финалето

Македонскиот голман Дејан Илиев ќе биде дел од тимот на Арсенал за вечерашното големо финале од Лигата на Европа против Челси, откако Унаи Емери се реши да го вклучи нашиот интернационалец на клупата за резерви. Илиев тренираше со првиот тим во изминатите десетина дена, по што профитираше од новото правило на УЕФА кое дозволува финалистите да имаат вкупно по 23 играчи во официјалниот записник.

Интересно, Македонецот не се најде на првиот список на Емери објавен околу 80 минути пред финалето. Сепак, Илиев влета како замена во последен момент, заземајќи го местото на клупата што претходно беше наменето за Ксавиер Аменечи.

Арсенал ќе го стартува натпреварот во Баку со овие стартни единаесетмина: Чех, Сократис, Кошиелни, Монреал, Мејтланд-Најлс, Тореира, Џака, Колашинац, Озил, Обамејанг, Лаказет.

На спротивната страна, Нголо Канте ги надмина проблемите со повредите, па францускиот репрезентативец ќе настапи за Челси од првата минута во големото финале. „Сините“ финалето ќе го почнат со следните единаесетмина: Кепа, Азпиликуета, Палмиера, Кристенсен, Луиз, Жоргињо, Ковачиќ, Канте, Педро, Азар, Жиру.

Се вчитува...