Дени Илиев во тимот на колото во Полска

Македонскиот репрезентативец Дени Илиев е избран во тимот на колото во Полска. Чуварот на мрежата на Јагелонија имаше фантастично издание во триумфот (0-1) на неговиот тим на гости против Краковија и заслужи да биде избран во идеалниот тим на 27.коло на полската Екстракласа.

Според извештаите во полските медиуми, Дени Илиев е еден од фудбалерите со најдобра оценка за настапот во изминатото коло во шампионатот. Јагелонија по 27 одиграни кола се наоѓа на осмото место на табелата.

Се вчитува...