Даниел Мусовски треба да биде најновото засилување за македонската сениорска репрезентација за финалето од Лигата на нациите против Грузија следниот месец, откако ја прифати поканата на селекторот Игор Ангеловски да го облече црвено-жолтиот дрес.
24-годишниот Мусовски, кој е со македонско потекло а роден во САД, во фудбалските кругови во САД е запаметен како момчето кое пред десет месеци постигна четири погодоци за само 40 минути во дресот на Рено 1868.
Но и по тие четири погодоци не запираат неговите одлични игри и во актуелниот период, сега во дресот на Лос Анѓелес. Пред само една недела беше избран за МВП на колото во МЛС лигата откако на дуелот против Сиетл постигна два гола во триумфот од 3-1.
Дени Мусовски има македонски корени, а роден е во Хендерсон, Невада (САД) на 30. ноември 1995 година. Кариерата ја почна во 2014 година во Лас Вегас Мобстерс. Пред да пристигне во Лос Анџелес, инаку еден од најдобрите тимови во МЛС, играше уште и за Барлингејм Драгонс, Таксон Сан Хозе Ертквејкс и Рено 1868 каде на 40 натпревари даде 16 гола. Мусовски пред извесен период беше и МВП на колото во американската МЛС лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА