Денис Суарез доаѓа на позајмица во Арсенал

Шпанскиот фудбалер Денис Суарез потпиша нов договор со Барселона до 2021 година, но наредните шест месеци ќе ги мине во англискиот премиерлигаш Арсенал како позајмен играч. Тој се сложи да ја продолжи соработката со клубот од „Камп Ноу“, но и инсистираше да замине на „Емирати“ до крајот на сезоната.

Севилја и Бетис имаа желба комплетно да го откупат Денис Суарез, но фудбалерот не сакаше да ја пропушти можноста да го облече дресот на Арсенал. Шпанецот претходно беше дел од Премиер – лигата како член на Манчестер сити, но не не ја доби потребната минутажа.

Се вчитува...