Денис Тот: Искрено не знам каде помина топката, но важно го победивме Металург

Денис Тот е херојот на Охрид кој донесе повеќе од драматична победа против Металург во еден од најинтересните дуели во ракометната Суперлига оваа пролет.

Тот погоди од девет метри со шут на седум секунди пред крајот, за значајна победа на охриѓани.

„Иако со подеми и падови, одигравме фантастичен натпревар. Двете екипи бевме на некое потребно ниво, имавме добри и лоши моменти. Едно нешто што можам да констатирам е дека нема лесен натпревар за Охрид во Охрид. Целта во последната акција беше да се одработи чист шут, за мене или за Манасков. Акцијата се одвиваше за мене и среќен сум што погодив. Искрено незнам топката каде помина, но битно заврши каде што требаше“ – истакна Тот по натпреварот со „металурзите“.

Охрид со новите три бодови го прескокна Металург на табелата па сега со дополнителен мотив ги очекува гостувањата против вториот тим на Еурофарм Пелистер и против Струга.

Се вчитува...