Денис Васиљев: Во Битола дојдов на убедување на агентот, верувам во „берба“ на титули со Е. Пелистер

Еурофарм Пелистер и тоа како ја засили пикерската позиција во својот тим за следната сезона. Покрај ангажманот на македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, нов член е и стандардниот репрезентативец на Русија, Денис Васиљев.

Васиљев е освојувач на три руски првенства и три национални Купа со Чеховски медведи, а и освојувач на шампионатот на Украина со Мотор. Сега посакува продолжување на „бербата“ на титули и со битолчани.

„Опцијата да дојдам во Македонија ми ја предложи мојот агент. Ми се допадна идејата, клубот и неговите цели и веднаш се согласив да дојдам во Битола. Добро ги одбработивме подготовките во Маврово, физичкиот дел посебно беше напорен. Групата ракометари добро ме прифати, пријатни луѓе и професионалци. Од моите нови соиграчи ги познавав од претходно Пешевски и Радовиќ, а сум играл и против македонските ракометари во дресот на руската репрезентација“ – вели ракометарот на Еурофарм Пелистер, Денис Васиљев.

Се вчитува...