Денковски: Брегалница оди на трите бода и против Македонија ЃП

Повторно враќање на прволигашките активности во македонскиот фудбал по паузата поради настапите на националните репрезентации.

Брегалница утре ја пречекува Македонија ЃП во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига од 14 часот на Градскиот стадион во Штип. Чуварот на мрежата, Давид Денковски заедно со Јован Манев беа дел од младата репрезентација која со победа од 1-2 против Ерменија се врати од Ереван. Денковски и во Ереван ги потврди своите квалитети издвојувајќи се меѓу најдобрите во македонската репрезентација. Но, сега максимално концентриран повторно на прволигашките предизвици во желбата за нови бодови на Бреглница.

„Задоволен сум од настапите во македонската репрезентација, па сега сакам формата да ја пренесам повторно и во дресот на мојот клуб. Не очекува сериозен предизвик против екипата на Македонија ЃП, но за нас единствена цел се бодовите. Очекувам и утре пред нашите навивачи да продолжиме со победите“ – вели Денковски.

Брегалница во претходното коло во Штип славеше против Струга ТЛ со 1-0.

Се вчитува...