На денешен ден пред 33 години, македонските фудбалски легенди Дарко Панчев и Илија Најдоски со Црвена Звезда, тогаш предводена од капитенот Најдоски, се искачија на светскиот фудбалски врв.
Белграѓани се закитија со титулата светски клупски првак, кој е најголем успех во фудбалската историја на поранешна Југославија, откако на натпреварот во Токио славеа убедливо со 3-0 против чилеанскиот Коло Коло.
Владимир Југовиќ постигна два гола, а најдобриот македонски фудбалер Дарко Панчев ги постави конечните 3-0.
Пехарите за освоената светска круна први заеднички го добија двајцата Македонци во клубот, Дарко Панчев и Илија Најдоски кои носат огромна заслуга за европската и за светската шампионска титула на Црвена Звезда од 1991 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА