Денот кога Тајсон влета кај Трамп – „Спиеш со жена ми? Ќе бидеш мртов“

Американскиот писател Тим О’Брајан во својата книга објави настан во кој главни актери биле Мајк Тајсон и Доналд Трамп. Имено, сегашниот претседател на САД во 1988 година му бил финансиски советник на еден од најдобрите боксери во светот. Тајсон кој важи за многу љубоморен карактер мислел дека неговата тогашна сопруга Робин Гивенс го изневерува токму со Трамп.

„Влета во канцеларијата и почна да вика: Дали навистина имаше с**с со мојата сопруга? Помислив дека ќе бидам мртов, бидејќи против него навистина никој немаше никаква шанса. Тој е светски шампион во бокс и неговата десница е најсмртоносното оружје“, изјави Трамп. 

За потсетување Мајк Тајсон во периодот на најголема слава имал вакви слични сцени и со Мајкл Џордан и со Бред Пит во кои за среќа двете американски ѕвезди не го извлекле „подебелиот крај“.

Се вчитува...