Денот кога во Скопје „падна“ Црвена Звезда со Марјановиќ, Катиќ, Симоновиќ, Џенкинс… (ВИДЕО)

МЗТ Скопје денеска од 20 часот и гостува на Црвена Звезда во повратничкиот натпревар во АБА лигата. Белградскиот тим кој е воедно и актуелен шампион на првенството е апсолутен фаворит против македонскиот тим, но така беше и во 2013 година кога „црвено-белите“ стигнаа со кренати глави во Скопје, но заминаа со неведнати.

Белградскиот гигант во нашиот главен град пристигна со имиња како Марјановиќ, Катиќ, Симоновиќ, Џенкинс, Блажиќ, но на нивниот пат застанаа момците во „сино-бело“ кои го оставија срцето на терен, а предвoдени од најверните во СЦ „Борис Трајковски“ стигнаа до огромна победа.

Од мечот одигран на средината на декември за МЗТ Скопје настапија Марковски, Костоски, Стајиќ, Синовец, Лучиќ, Гечевски, Младеновски, Чековски, Оташевиќ, Маринковиќ и Оташевиќ во тимот сега е само Дамјан Стојановски, а капитенот ќе знае како да ги мотивира „новите металци“.

 

Се вчитува...