Денови во знакот на мрежичките

Кошарката добива на тежина, особено за нашата публика во овој период, пред се благодарение на стивнувањето на фудбалските возбудувања во Лигата на шампионите и во Лига Европа, иако на сцената актуелни се националните фудбалски шампионати.

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички играат на АБА 2 турнирот на Златибор, мечевите може да ги следите во живо на Арена Спорт ТВ каналите отсега достапна и на платформата на А1 Македонија. Актуелниот шампион го почна турнирот со пораз од Спарс (76:68), а првиот меч на најтрофејниот е против Борац.

Металците играат со новиот тренер Дарко Радуловиќ, кој дојде на местото на Ѓорѓи Кочов и се уште е само опција за преодно решение, додека клубот од Аеродром не реши што ќе прави со позицијата прв тренер на екипата. За составот на Јане Сандански, на турнирот во Србија не играат Магдевски поради болест, односно Гравет и Олуџоби поради повреди.

Стандардно, НБА натпреварите може да ги следите на програмите на Арена Спорт платформата. Публиката нема да ги гледа Адетокумбо за Милвоки, кој е повреден, односно Ирвинг за Бруклин, поради фамилијарни причини.

Хјустон конечно ја прекина низата од 20 порази, историска и најдолга за франшизата Рокетс. Тимовите од ЛА тагуваат по Елџин Бејлор, ѕвездата на Лејкерс и поранешниот генерален менаџер на Клиперс, кој почина на 86 годишна возраст, од природна причина, во прегратките на најблиските во неговиот дом.

Да не заборавите дека викендот ќе изобилува со возбудувања од италијанското Калчо, француската Прва лига, ракометната Бундеслига, шпанската АЦБ кошаркарска лига, НБА лигата, финалето на младинскиот кошаркарски турнир на Евролига што се игра во Белград и уште многу други интересни спортски содржини, низ преноси само на Арена.

Се вчитува...