Актуелниот шампион во НБА лигата, Оклахома сити тандер останува непоразен сезонава во плеј-офот откако со максимални 4-0 славеше и во серијата против Лос Анџелес лејкерс.
Во четвртиот натпревар одигран во „Крипто ком“ арената во Лос Анџелес, Тандер славеа со 110-115. Шај Гилџс Александер со 35 поени повторно беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Остин Ривс постигна 27 поени.
Во Источната конференција, Кливленд кавалирс израмни на 2-2 против Детроит пистонс, откако и на вториот меч одигран во Охајо славеше со 112-103. Донован Мичел со 43 поени беше најефикасен кај победникот, додека во таборот на поразените Карис Леверт постигна 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
