Денвер фаќа приклучок: Јокиќ, Мареј и Грант донесоа прва победа над „лејкерс“ (ВИДЕО)

Денвер славеше со 114-106 против Лос Aнџелес Лејкерс во третиот натпревар од финалето во Западната конференција и намали на 2-1 во победи во серијата. Херои во триумфот беа Никола Јокиќ, Дамал мареј и Џереми Грант. Ова трио му го однесе успехот на Денвер во натпреварот во кој по израмнетата воведна четвртина „нагетс“ ја презедоа контролата над резултатот и континуирано до крајот на третиот период ја зголемуваа предноста се до максимални + 20.

Сепак, „лејкерс“ не дозволија лесна победа на тимот на Мајк Мелоун. Со серија од 16-2 во последната четвртина намалија на само три негатива, а тројка за израмнување не погоди Леброн Џејмс. Пoтоа до крајот решвачки беа поените на Џемал Мареј. Tој беше прв стрелец кај Денвер со 28 поени, имаше и 12 асистенции и осум скока. Џереми Грант уфрли 26 поени, а Никола Јокиќ постигна 22 поени дополнети со 10 скока.

Кај ЛА Лејкерс, Џејмс имаше трипл-дабл ефект од 30 поени, 11 асистенции и 10 скока. Ентони Дејвис постигна 27 поени. Четвртиот натпревар од серијата е закажан за в петок наутро по средноевропско време.

 

Се вчитува...