Денвер на чекор од историја – Нова победа за 3-1 во финалето против Мајами, „дабл-дабл“ на Јокиќ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер се на само чекор од историјата, до прва титула во историјата откако во четвртиот меч славеа со 108-95 против Мајами па сега имаат водство од 3-1 во финалната серија во НБА лигата.

Избраниците на Мајкл Мелоун шанса за првиот свој трофеј ќе имаат во вторник наутро кога повторно на свој терен го пречекуваат Мајами во петтиот натпревар.

За разлика од претходните мечеви, сега Брус Браун и Ерон Гордон беа водечки имиња кај Денвер, наспротив Никола Јокиќ кој го заврши мечот со „дабл-дабл“ но поради пет лични грешки мораше на стартот од четвртиот период да излезе и беше отсечен од играта.

Денвер токму во тие моменти покажа ширина, дека не е само Јокиќ во екипата кој мечот го заврши со 23 поени, 12 скока и четири асистенции, а најефикасен во победничкиот тим беше Гордон со 27 поени. Одличен беше и Брус Браун со 21 поен, додека Мареј заврши со 15 поени и 12 асистенции.

Во поразениот тим на Мајами се издвои Батлер со 25 поени, додека Адебајо постигна 20 поени, дополнето со 11 скока.

Се вчитува...