Денвер не го пушта: Србија без Јокиќ на Евробаскет 2017?

Никола Јокиќ по неверојатната сезона што ја имаше во НБА-лигата требаше да биде и еден од лидерите на српската репрезентацијата во атакот на златниот медал на претстојното Европско Првенство. Сепак, неговиот агент Мишко Ражњатовиќ во интервју за телевизијата „Пинк“ откри сериозен проблем за српскиот национален тим, откако раководството на Денвер инсистирало Јокиќ да не го прифати повикот на својата репрезентација за да го мине целото лето во САД.

Многу работи се променија во меѓувреме. Во Денвер сакаат тој летото да го мине на поинаков начин, да ги отсстрани оние малку слабости што ги има во играта и догодина да го предводи тимот до место во плејофот. Говориме пред се за физичката сила, која му е „минус“ во однос на останатите играчи на неговата позиција, а која нема да може да ја поправи доколку целото лето не го мине во САД. Сите добро знаете колку сака Јокиќ да игра за репрезентацијата, но за тоа ќе треба да добие дозвола од клубот. Во следниот период ќе се сретне со челниците, по што сликата ќе биде појасна“ – изјави Ражњатовиќ.

Србија важи за еден од главните фаворити за златото на претстојниот Евробаскет, но јасно е дека со евентуалното отсуство на Јокиќ шансите за најсјајното одличје на нашиот северен сосед значително би се намалиле.

Се вчитува...