Денвер немилосрден кон Клиперс, Њујорк го изненади Сан Антонио (ВИДЕО)

Второпласираниот тим на Запад, Денвер го прегази конференцискиот ривал, Лос Анџелес Клиперс со 123-96 и врза серија од четири последовни тирумфи. За „нагетс“ ова е 41. сезонски успех, наспроти само 18-те порази. Никола Јокиќ и Пол Мислап имаа дабл-дабле ефект и беа најзаслужни за победата. Српскиот центар постига 22 поени, а имаше и 16 скока,Мислап постигна 21 поен, а забележа исто така 16 скока. Кај „клиперс“, Лу Вилијамс со 24 поени беше прв стрелец. Тимот од Лос Анџелес е осмопласиран во Западната конференција со биланс 33/28.

Вториот најслаб тим во Лигата, Њујорк го изненади поранешниот шампион и во моментов седмопласиран на Западот, Сан Антонио триуфирајќи во дуелот Медисон Сквер Гарден со 130-118. За Њујорк ова беше само 12-те победа сезонава. Демијен Дотсон со рекордни сезнава 27 поени го предводеше тимот до успехот. Демар Дерозен беше најрасположен кај Сан Антонио, постигна 32 поени. „Спарс“ имаат ефект 33/28.

На средбата што ја отвори неделната НБА понуда, Орландо оствари значајна победа во трката за место во разигрувањето триумфрајќи со 113-98 над вториот најд0бар тим во лигата и во Источната конференција Торнто. Орландо е во битка со Детротит и со Шарлот за позиција која води во плеј-офот.

Се вчитува...