Депај е мајсториште – нова мајсторија во дресот на Барса

Мемфис Депај уште еднаш потврдува дека е вистински лидер на Барселона по заминувањето на Лео Меси, откако Холанѓанецот постигна нов прекрасен погодок за каталонскиот гигант.

Резултатот на дуелот со Хетафе беше 1-1 се додека Де Јонг не упати топка во празно до Депај. Екс-фудбалерот на Лион мајсторски се снајде, најпрвин го сврте противникот, а потоа го најде патот до мрежата, крај неговата нога, веднаш до долниот агол од голот на Хетафе.

Се вчитува...