Депај го спаси Атлетико, последниот патник во четвртфиналето ќе биде познат по продолженија (ВИДЕО)

Последниот патник во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе го дознаеме по продолженија откако Атлетико Мадрид по 90 минути на „Ванда Метрополитано“ има 2-1 и со тоа ја анулираше негативата од 0-1 од првиот меч одигран на „Џузепе Меаца“.

Откако 33 минути мируваа мрежите, водство за гостите од 0-1 донесе Федерико Димарко. На домаќините да се вратат во игра им беа потребни само три минути откако Антоан Гризман успеа да израмни на 1-1.

Во 86. минута Депај имаше голема шанса, но ја погоди стативата. Сепак, истиот фудбалер само една минута подоцна најдобро се снајде во противничкиот шеснаесетник и успеа да постигне погодок за 2-1.

Atletico Madrid [2] – 1 Inter – Memphis Depay 87‎’‎ [2 – 2 on agg.]
byu/ganiganiu insoccer

Се вчитува...