Депај и Бускетс за триумф на Барселона (ВИДЕО)

Барселона се врати на второто место во Ла Лига откако со 2-1 славеше против Мајорка во 34. коло.

Каталонците победникот на мечот го најавија уште во првото полувреме со голот на Депај во 25. минута.

Во второто полувреме, на 2-0 зголеми Бускетс во 54. минута од средбата.

Гостите успеаја во 79. минута преку Раиљо само да го ублажат поразот.

Се вчитува...