Депај ја спаси Барселона од пораз во Билбао (ВИДЕО)

Мемфис Депај со погодокот во 75. минута не дозволи пораз на Барселона на гостувањето против Атлетик Билбао во 2. коло од Ла Лига.

Барселона ремизираше (1-1) благодарение на голот на Депај, откако претходно домашните со голот на Мартинез во 50. минута поведоа со 1-0.

Барселона со ова реми се израмни на врвот на табелата со Мајорка и Валенсија кои исто така имаат по четири бода по првите две кола.

Се вчитува...